Компанијата „Caterpillar“, специјализирана за градежни машини, го претстави својот нов засилен паметен телефон кој може да издржи различни екстремни услови со кои можат да се соочат неговите сопственици.
„Cat S50“ според перформансите е уред од средна категорија, но со додаток на засилено куќиште и „Gorilla Glass 3“ заштита на 4.7 инчниот екран со 720p. Процесорот е четиријадрен „Cortex-A7“ на такт од 1,2 GHz, a тука е уште поддршката за 4G LTE мрежата, 8 GB простор за чување на податоци (достапен е и слот за „microSD“ картичка), 8-мегапикселна камера со „LED“ блиц, т.е. „stock“ верзија на оперативниот систем „Android 4.4 KitKat“.
Од сертификатот кој се однесува за цврстината на овој уред, тој е „IP67“, а тоа значи дека е отпорен на влијание на прашина и вода (доколку уредот половина час е под вода на еден метар длабочина), т.е. сертификатот „MIL-810G“ кој е за цврстина на уредот и отпорноста на прашина, висока температура, влага, вибрации, дожд, сончеви зраци и друго.
Стартувана е и посебна продавница за апликации која се нарекува „Cat App Store“, а во која се наоѓаат преку илјада апликации кои се специјално прилагодени за „Cat S50“ уредите.
Овој паметен телефон на пазарот ќе биде достапен во зелена и сива боја, а ќе се продава по цена од 479 евра.