25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGalaxy Tab Active e наменет за бизнис клиентите

Galaxy Tab Active e наменет за бизнис клиентите

tab active sam32

„Samsung“ го презеде следниот чекор во својата стратегија да се насочи кон бизнисот со новиот таблет „Galaxy Tab Active“. Ова е првиот таблет на компанијата, кој е создаден за бизнис клиенти.

Всушност тоа треба да се доста тешки бизнис клиенти, бидејќи „Galaxy Tab Active“ има појачано куќиште, кое ќе издржи пад од 1.2 метри висина. Освен тоа, отпорное на прав и вода. Во уредот е вградена 3.1 МР камера со автоматски фокус, „NFC“ и друго. На располагање е и „S-Pen“.

Батеријата на „Galaxy Tab Active“ може да обезбеди до 10 часа работа. Покрај тоа, таа може да се менува од страната на корисникот.

Подобрено е и нивото на безбедноста од гледна точка на софтверот. Системот „Samsung Knox“ е стандардно инсталиран. Оперативниот систем, пак, е „Android 4.4 KitKat“.

Според зборовите на компанијата,„Galaxy Tab Active“ е развиен по консултациите со компаниите од „Fortune 500“ и ги следи нивните барања. Амбиција на производителот е да го надмине „iPad“ на „Apple“, кој за сега е фаворизиран од бизнис клиентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП