Фудбалската репрезентација на Македонија очекувано оствари победа против шпанскиот третолигаш Торе Леванте со 4:0 полувреме 2:0, на контролниот натпревар пред стартот на квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 година.
На средбата одиграна во Валенсија, селекторот Ѓуровски имаше можност да направи неколку тактички варијанти со кои во понеделник треба да и се спротивстави на Шпанија.
Стрелци на головите за Македонија во дуелот Торе Леванте беа: Александар Трајковски, Адис Јаховиќ,Крсте Велкоски и Јован Костовски.
Македонските фудбалери остануваат во Валенсија каде во понеделник на стадионот на Леванте со почеток од 20.45 часот и дуелот против Шпанија ќе го започнат новиот циклус квалификации во кој за протовници уште ќе ги има и селекциите на: Белорусија, Словачка, Украина и Луксембург.