20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft ги предизвикува Samsung и Apple со поевтин предводник

Microsoft ги предизвикува Samsung и Apple со поевтин предводник

mic lumia 39

„Microsoft“ излезе смело со предизвик кон двата главни конкуренти во пазарот на паметни телефони „Samsung“ и „Apple“. За време на презентацијата на новиот смартфон „Lumia 830“, компанијата соопшти дека нејзините конкуренти ставаат неоправдано високи цени на своите уреди, без тие да се подобри од „Lumia“.

Во обид да го докаже своето тврдење, компанијата се насочи кон можностите на новата „Lumia 830“. Таа ќе користи 4-core процесор на „Qualcomm Snapdragon 400“, 1GB RAM меморија, 16GB внатрешна меморија. Дијагоналата на екранот е од пет инчи, а пак резолуцијата е HD 720p.

Вградената камера во овој уред е од 10 МР со технологија „PureView“ и леќи „Zeiss“, како и систем за оптичка стабилизација. Според компанијата ова е најтенкиот нејзин модул досега, што му овозможува на уредот да е со дебелина 8,5 мм. Таа става доста голем акцент над можностите на камерата, а има направено и нова апликација која е побрза и со повеќе функции. Меѓу нив е „динамичниот блиц“, кој прави две фотографии – со и без блиц и им овозможува на корисниците да изберат рачно нивото на осветленост на фрејмовите. Камерата ќе може да прави и 4К видеа.

Истото важи и за новата надградба „Lumia Denim“, која ќе е достапна за телефоните со „Windows 8.1“ до крајот на годината. Во него има подобрувања на интерфејсот и апликациите. Се подготвува и ставање на гласовниот асистент „Cortana“ за Европа.

„Lumia 830“ тежи 150 грама и има вграден „NFC“, безжично полнење, отстранлив заден панел, а батеријата е од 2220 mAh. Продажбата на уредот ќе започне во целиот свет уште овој месец, а неговата цена ќе е 330 евра пред даноци.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП