25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигна Sony Xperia Z3

Пристигна Sony Xperia Z3

xperia z 3 jj

„Sony“ и официјално на саемот „IFA 2014“ го претстави новиот смартфон „Xperia Z3“. Според објавените податоци видливо е дека гласините кои се појавија во јули се делумно точни, но има и дел кој не е.

Првата работа која не беше „погодена“ во тогашните гласини е големината на екранот, затоа што беше најавен екран од 5.15-инчи, додека таа во реалноста е нешто поголема – 5.2-инчи. Екранот (TRILUMINOS) има резолуција од 1920 x 1080 пиксели со 600 cd/m2 oсветлување. Процесорот, односно „SoC“ e погоден – „Qualcomm“ со четири јадра „Snapdragon 801“, меѓутоа брзината е 2.5 Ghz, наместо најавените 2.4 Ghz.

Износот на RAM-от oд 3 GB исто така е точен, како и камерите со резолуции од 20.7 MP (задна) и 2.2 MP (предна) кои поддржуваат и снимање на видео записи во 4К квалитет. „Sony“ подготви два модели, еден кој доаѓа со внатрешна меморија од 16 GB, додека другиот ќе има 32 GB.

На некои пазари, „Sony“ ќе пласира и „Dual SIM“ верзија. Батеријата ги нема најавените 3300 mAh, туку 3100 mAh, што е сосема доволно за 740 часа во мирување, 19 часа разговор, 120 часа за слушање музика или 10 часа за прегледување на видео записи.

Што се однесува до димензиите, тие според официјални спецификации изнесуваат 146.5 x 72 x 7.3 милиметри, па така моделот „Z3“ е нешто помал во однос на моделот „Z2“ чии димензии се 146.8 x 73.3 x 8.2 милиметри. „Sony“ тука не застана, па моделот „Xperia Z3“ воедно е и полесен за 11 грама, а виолетовите куќишта ќе бидат заменети со сребрено-зелена и бакарна боја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП