26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGionee го подобрува сопствениот рекорд со уште потенок смартфон

Gionee го подобрува сопствениот рекорд со уште потенок смартфон

gionee 300

Индиската компанија „Gionee“ веќе има еден модел на смартфон кој ја носи титулата најтенок на светот – „Elife S5.5“. Сепак тоа споменатата компанија не ја спречи да се натпреварува самата со себе и да изработи уште еден потенок модел и со тоа да го подобри сопствениот рекорд.

Новиот модел кој наскоро ќе ја превземе титулата најтенок на светот ќе пристигне под името „Elife S5.1“ и како што вели самото име ќе има дебелина од само 5,1 милиметри. Како и кај претходниот модел (Elife S5.5), компанијата „Gionee“ и овој пат за изработката на куќиштето се одлучи за комбинација од стакло и метал.

Внатре во стаклено-металното куќиште се наоѓа 4.8 инчен „AMOLED“ екран со резолуција од 1280 x 720 пиксели и густина од 320 ppi-a. „Elife S5.1“ работи на просецор со четири јадра на „Qualcomm“ – „Snapdragon 400 SoC“ со такт од 1,2 Ghz во комбинација со „Adreno 305 GPU“ со брзина од 400 MHz. Смартфонот има 1 GB RAM и 16 GB интерна меморија која не е во можност дополнително да се проширува.

Што се однесува до камерата овој модел има предна со резолуција од 5 MP и задна од 8 MP. Димензиите на уредот се 139,8 x 67,4 x 5,15 милиметри, додека тежината изнесува 140 грама. Вградената батерија има капацитет од 2100 mAh, што би требало да биде доволно за 6 до 8 часа разговор.

„Elife 5.1“ пристигнува со нешто постарата „Jelly Bean 4.3“ верзија на „Android“ оперативниот систем, т.е. со „Amigo 2.0“ корисничкиот интерфејс. Според моменталните информации на индискиот пазар би требало смартфонот да пристигне во текот на овој месец, но неговата цена засега е непозната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП