28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLenovo претстави нов гејмерски лаптоп

Lenovo претстави нов гејмерски лаптоп

gejmerski laptop

„Lenovo“ се насочува кон гејмерите со својот нов лаптоп „Y70 Touch“. Спротивно на трендовите во овој сегмент за создавање на повеќе компактен гејмерски лаптоп, компанијата одлучи да се врати кон традициите.

„Y70 Touch“ ќе користи 17,3-инчен дисплеј кој беше сметан за стандард за овој тип на лаптопи пред неколку години. Сега такви предлози скоро недостасуваат, а дури и машините за обожавателите на видео игри веќе се потпираат главно на 13 и 14-инчни екрани. Екранот на лаптопот е и осетлив на допир, но нема да е од особена корист за игрите, но пак би требало да ја олеснува работата со „Windows 8.1“. Резолуцијата пак е „Full HD“.

Во листата со топ спецификации се вклучени уште различни верзии на процесорот „Intel Core i7“, „Nvidia GTX“ видео картичка до 16GB RAM меморија и до 1TB диск. Ќе се нуди и опција за неговата замена со 512 GB SSD.

Вградената батерија на лаптопот ќе обезбедува околу пет часа работа. „Lenovo“ не прецизира при какво оптоварување, но најверојатно станува збор за стандардно гледање филмови, сурфање на интернет.

Како резултат на сето ова лаптопот тежи импресивни 3.4 кг. Ова ќе го направи не толку удобен за пренос, но пак за вистинските страствени гејмери продуктивноста ќе е поважна. Цената на топ верзијата ќе е околу 1900 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП