17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИ Swatch сака да има паметен часовник

И Swatch сака да има паметен часовник

s_1

Компанијата „Swatch“ следното лето има намера на пазарот да пласира свој паметен часовник кој ќе се нарекува „Swatch Touch“.

Шефот на „Swatch“, Ник Хајек, изјави за „Reuters“ дека уредот ќе биде опремен со неколку различни сензори, кои ќе бидат особено корисни за спортистите и активните луѓе.

„Секоја голема технолошка компанија сака да работи со нас и ние не ја исклучуваме можноста за соработка во различни сектори. Меѓутоа, постојат работи кои можеме и сами да ги реализираме“, вели Хајек.

Компанијата „Swatch“ претходно ја одбиваше можноста за производство на паметен часовник затоа што нејзините раководни лица сметаа дека таквите уреди нема да се елегантни. Меѓутоа, притисокот е се поголем поради најавениот „Apple iWatch“, па така сличен потег се очекува и од „Swatch“.

Се чини дека раководството на „Swatch“ го уплаши „Apple“, па можно е да се обидат да ја блокираат продажбата на „iWatch“ со жалба која ќе биде фокусирана на неговото име со оглед дека „Swatch“ веќе поседува свој уред кој се нарекува „iSwatch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП