19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСамсунг го претстави новиот паметен часовник Геар С

Самсунг го претстави новиот паметен часовник Геар С

samsung-gear-s-black-th

Јужнокорејската компанија Самсунг го претстави новиот паметен часовник Геар С со заоблен екран и 3Г мрежа.

Часовникот има Супер Амолед дисплеј од 2 инчи и работи на Тизен оперативниот систем на Самсунг.

Геар С доаѓа со сензор за мерење на пулс, што работи со помош на Самсунг С Хелтх апликација.

Паметниот часовник е опремен со стандардни сензори како акцелерометар, барометар, компас, жироскоп, УВ и амбиентално светло.

Геар С користи Блутут технологија за конектирање со смартфон, но има и вај-фај и 3Г мрежа, што овозможува примање пораки и телефонски повици без телефонот.

Самсунг Геар С е отпорен на вода и прашина, а батеријата трае два дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП