27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple ги открива причините поради кои ги отфрла апликациите од App Store

Apple ги открива причините поради кои ги отфрла апликациите од App Store

App_crash

Работите долго на вашата апликација, сметате дека е подготвена за да го здогледа светлото на денот, па со нетрпение го чекате фамозното одобрување од продавницата за апликации на „Apple“… Но, наместо тоа пристигнува отфрлање? Со цел тоа да се случува што е можно помалку, „Apple“ подготви водич низ отфрлањето на апликациите и ги претстави најчестите причини поради кои тоа се случува.

Постојат и некои правила, како оние дека апликацијата не би требало да се предава за одобрување, пред него да биде подготвена за тоа, што значи дека не би требало да има багови. Потребно е да се користи интерфејс кој е чист и лесен за користење. Ако не сте сигурни дали вашата апликација е таква, „Apple“ наведе неколку правила.

Ликовите внатре во апликацијата мораат да бидат функционални, а целата содржина мора да биде целосна. „Apple“ исто така сака вашата апликација да биде корисна и единствена. Ако станува збор за интернет страна која се „преправа“ дека е „iOS“ апликација, ако е веб содржина која не е форматирана за „iOS“ и има ограничени функционалности, тоа не е квалитетна апликација. Исто така, ако одеднаш предадате повеќе слични апликации, можете да си го закомплицирате животот.

Еве ги десетте конкретни причини:

14% од апликациите се отфрлени поради тоа што не се понудени доволно информации за нив.

8% од нив имале премногу багови.

6% не биле во склад со програмот.

6% од нив немале задоволувачки интерфејс.

5% од апликациите имале имиња, опции и слики кои не биле поврзани со самата апликација и нејзината содржина.

5% од нив лажно се претставувале.

4% од нив имале различни имиња во „iTunes Connect“, т.е. по инсталирањето на уредот.

4% од нив не ја пополниле целата содржина во апликацијата.

3% од нив се отфрлени затоа што програмерите не одредиле добро за кого таа апликација е наменета.

2% од нив се отфрлени затоа што биле „бета“, „демо “, „трајал“, т.е. тест верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП