3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДомејн кој вреди околу 34.5 милиони долари!

Домејн кој вреди околу 34.5 милиони долари!

holiday com

Кога пред крајот на оваа година ќе се појави на аукција, домејнот „Holiday.com“ би можел да биде продаден за околу 34.5 милиони долари, пренесуваат британските медиуми.

Домејниот „Holiday.com“ веќе со години важи за „свет грал“ меѓу туристичките компании, а досегашниот сопственик „Breathe Luxury“ одлучи на 5-ти ноември да го продаде по пат на аукција.

Како што пишува „Daily Telegraph“, аналитичарите проценуваат дека интернет страна со овој домејн многу бргу ќе стане најзначаен туристички сајт, поради тоа и неговата вредност е проценета на десетина милиони долари.

Колку зборот „holiday“ (англиски-одмор) е важен во туристичкиот свет говори и податокот дека веќе 16 години најголемите светски компании во областа на туризмот се борат околу овој домејн.

„Во интерес е тие компании да го купат домејнот „Holiday.com“, затоа што, кога тој ќе биде активен, тие ќе започнат да ги губат своите позиции на пазарот“, вели за „Telegraph“ Фарад Лафорс, еден од директорите на американската компанија „Breathe Luxury“.

Домејнот „Holiday.com“ ќе се најде на аукција која на 5-ти ноември во Лондон ќе биде организирана во рамките на „World Travel Market“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП