28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро Google ќе презетира нови продукти

Наскоро Google ќе презетира нови продукти

sundar picaj334

„Google“ се подготвува за презентација на нови производи, а тоа ќе се случи на 15-ти септември. Компанијата веќе го објави официјалниот датум на настанот, кој ќе се одржи во Индија, но засега не откриваат што точно ќе презентираат тогаш.

Според онлајн изданието „NDTV“, сепак, најверојатно станува збор за платформата „Android One“. Таа беше претставена на конференцијата „Google I/O“ во јуни годинава, а со неа сакаат да инфилтрираат „Android“ во евтини мобилни телефони, кои се нудат на пазарите во развој.

Тогаш компанијата посочи дека планира да ги покаже првите телефони токму во Индија во есента оваа година, па настанот во голема мера се совпаѓа со овие планови. „Google“ веќе ја има поддршката на три компании кои развиваат телефони со „Android One“ – „Micromax“, „Karbonn Mobile“ и „Spice Mobile“.

Се очекува нивните телефони да се продаваат по цени под 100 долари. „Google“ има барање до производителите да користат стандарден „Android“. Интернет гигантот ќе има речиси целосна контрола над софтверот и ќе го ажурира автоматски, без да чека на производителите. Според онлајн изданието „The Verge“, уредот на „Micromax“ ќе има 4.5-инчен екран, две „SIM“ картички, слот за „SD“ картичка и „FM“ радио.

Надежите на компанијата се дека преку „Android One“ ќе го прошират пазарот на мобилната платформа. Овие уреди ќе станат и директен конкурент на најевтините телефони на „Nokia“, веќе „Microsoft“. Пред „NDTV“ Сундар Пичај, кој е потпретседател на „Android“ и „Chrome“ на „Google“, вели дека компанијата ќе сподели ресурси со производителите, но нема да ги субвенционира, а се надева дека со тоа ќе ги задржат ниски производствените цени на уредите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП