26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИArchos претстави смартфон и таблет од серијата Cesium

Archos претстави смартфон и таблет од серијата Cesium

archos sj

Француски „Archos“ претстави два нови уреди кои го користат оперативниот систем на „Microsoft“ – „Windows Phone 8.1“. Станува збор за првиот смартфон на компанијата со „Windows Phone 8.1“ кој се нарекува „40 Cesium“ и за 8-инчниот таблет „80 Cesium“.

„Archos 40 Cesium“ според цената се наоѓа во групата на евтини смартфони, затоа што ни вградениот хардвер не е на исто ниво со скапите модел. „Archos“ овој модел го опреми со 4-инчен „IPS“ екран со резолуција од 800 x 480 пиксели, процесор „Qualcomm Snapdragon 200 SoC“ со такт од 1,2 Ghz и со 512 MB RAM.

Новиот паметен телефон на „Archos“ во продажба ќе пристигне во текот на септември, а благодарејќи на послабиот хардвер и цената ќе биде ниска – 99 американски долари. Нешто поскап, но и хардверски помоќен е 8-инчниот таблет кој на пазарот ќе се појави во текот на октомври, а ќе се продава по цена од 149 долари.

Засега е познато дека „Archos 80 Cesium“ таблетот има 8-инчен „IPS“ екран со резолуција од 1280 x 800 пиксели, како и четиријадрен процесор на „Intel“ со непознат такт. Повеќе детали за уредите на „Archos“ ќе бидат познати откако компанијата ќе ги претстави на манифестацијата „IFA 2014“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП