30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОбјавено првото видео од новиот iPhone 6? (видео)

Објавено првото видео од новиот iPhone 6? (видео)

ihphone 6

Во пресрет на 9-ти септември, денот кога „Apple“ во Сан Франциско најави манифестација на која се претпоставува дека ќе биде претставен и новиот „iPhone 6“, нa „YouTube“ се појави видео од овој уред.

Ова видео го објави компанијата „Feld & Volk“, позната по луксузните верзии на „iPhone“ и„iPad“, a на него се гледа комплетен, целосно функционален „iPhone 6“ со екран од 4.7 инчи, составен од досега познати делови, оние за кои се смета дека ќе бидат составен дел од новиот смартфон на компанијата од Купертино.

Прототипот може да се вклучи и на екранот, се гледа иконата за кабелот и „iTunes“, и тоа од „iOS7“, a нe „iOS8“ на кој ќе работи „iPhone 6“.

На телефонот се гледа камерата, но логото на „Apple“ на задната страна не свети, што веројатно ќе разочара многу љубители на нивните производи.

Копчето за вклучување е поместено на десната страна, оние за засилување се издолжени. На видеото се гледа дека „шестката“ е поголема и поширока од „iPhone 5s“, како и дека дизајнот е значително различен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП