19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот „HTC Desire 510“ ќе чини 199 евра

Новиот „HTC Desire 510“ ќе чини 199 евра

23375206053fde6a42c540571226812_640x390

Тајванскиот производител „HTC“ го претстави телефонот „Desire 510“, новиот 4G смартфон со елегантен дизајн, кој ќе биде достапен во септември по цена од само 199 евра.

Телефонот има екран „FWVGA“ од 4,7 инчи со резолуција 854 x 480 пиксели со процесор „QS 410“ (Qualcomm Snapdragon) од 1,2 гигахерци со еден гигабајт RAM меморија и простор за складирање од осум гигабајти, кој преку „microSD“ картичка може да се зголеми на 128 гигабајти.

Смартфонот функционира под оперативен систем „Android KitKat 4.4“, објавено е на веб сајтот „zone-numerique.com“.

Телефонот, помеѓу другото, е компактибилен со технологијата на четвртата генрација (4G) LTE, а поседува и безжична мрежа „Bluetooth 4.0“, „GPS“ чип и „WiFi 802.11 b/g/n“.

Автономијата на функционирање на телефонот ја обезбедува батеријата од 2.100mAh, а неговите димензии се 139,9 x 69,8 x 9,99 мм со тежина од 158 грама.

„HTC“ би требало официјално да го промовира телефонот на саемот „IFA 2014“ во Берлин кој ќе почне идната недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП