
Француската компанија „Wiko“ го претстави моделот „Sunset“, смартфон со оперативен систем Android 4.4 KitKat.


Француската компанија „Wiko“ го претстави моделот „Sunset“, смартфон со оперативен систем Android 4.4 KitKat.
Конструкторот смета пред се на модел во боја со особено привлечна цена, бидејќи, како што е најавено, цената ќе биде помала од 70 евра, односно ќе изнесува 69,90 евра,
Со екран WCGA (800×480пиксели) од четири инчи, „Sunset“ ќе може да влезе во секој џеб.
Поседува dual-core процесор од 1,3 гигахерци, а со него доаѓаат и 512 мегабајти RAM меморија и 4 гигабајти интерна меморија, која ќе може да се прошири благодарение на microSD картичката (дo 32 гигабајти)
Во телефонот се вградени и две камери, една од два мегапиксели на задната страна и една од 1,3 мегапиксели на предната страна. Скромно, но сепак евтино!