
Сигурно веќе сите сте информирани за ледениот предизвик кој го примени речиси секоја позната личност во светот. Доколку не сте слушнале да ве информираме дека станува збор за „леден предизвик“ на организацијата ALS, во кој славните себеси се полеваат со канта ледена вода, притоа донирајќи пари за болните од Лу Гериговата болест, а во самиот предизвик повикуваат уште три лица кои треба да го направат истото во рок од 24 часа.

