28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung: Дали сте подготвени за 3-ти септември? (видео)

Samsung: Дали сте подготвени за 3-ти септември? (видео)

122148155053f782852bd29240910343_orig

Нагласувајќи ја важноста на ракописот, посебно во развојот на децата, „Samsung“ го објави новото видео за нивниот настан кој е закажан за 3 септември.

Меѓутоа, видеото не нуди апсолутно ништо во врска со „Samsung Galaxy Note 4“, кој би требало да биде претставен на овој настан.

Наместо тоа, компанијата ја нагласува предноста на пишувањето и тврди дека тоа е причината поради која го претставиле „S Pen“ во оргиналната „Galaxy Note“ серија.

Со оглед на тоа дека сеуште нема официјални податоци во врска со спецификациите, останува и понатаму да се потпираме на спецификациите кои тврдат дека „Note 4“ ќе поседува 5.7-инчен „QHD 1.440 x 2.560“ дисплеј со 515 пиксели по инч, 3GB RAM и „quad core Snapdragon 805“ процесор.

Се споменува и „ISOCELL“ сензор од 16 мегапиксели, кој е присутен на моделот „Galaxy S5“ како и можно присуство на читачи на отисоци од пристите и монитор за отчукување на срцето, но и подобрена поддршка за „S Pen“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП