29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Буба Карман кабриолет може да се нарача сега

Новата Буба Карман кабриолет може да се нарача сега

aad

Volkswagen започна со производство на новата специјална едиција: Буба кабриолет Карман. Кабриолетот има елегантен дизајн и многу опрема и истиот може да се нарача во салоните  на Volkswagen

aac
Автомобилот Буба Карман кабриолет ја имаше својата светска премиера на меѓународниот автомобилски саем во Лајпциг (AMI), каде што импресионираше со својот елегантен изглед. Однадвор новиот кабриолет е препознатлив по својот електричен покрив во Sioux кафеава боја. Кај моделот можат да се комбинираат  вкупно седум надворешни бои. 18 инчните тркала обоени се во галванско сива боја исто како и капаците на ретровизорите. На праговите на автомобилот се истакнува логото Karmann кое укажува на ексклузивната специјална едиција.

aab
Буба Карман кабриолет поседува „Дизајн” ниво на опрема. Во внатрешноста се истакнуваат спортските седишта обложени со Alcantara кожа, а страничните делови на седиштата се обложени во Sioux кафена боја. Покрај тоа, контролната табла со карактеристичната „буба“ преграда има сребрена мат боја исто како и педалите на возилото. Потпирачите за глава, управувачот, рачката на менувачот и рачната сопирачка исто така се обложени со кожа со сиви декоративни штепови. Целокупниот пакет е дополнет со дефлектор за ветар и систем за автоматско паркирање. Специјалното издание на Буба  кабриолет може да се нарача со сите можни варијанти на мотори и менувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП