1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов гејмерски хит: Творецот на Flappy Birds лансира нова игра (видео)

Нов гејмерски хит: Творецот на Flappy Birds лансира нова игра (видео)

Swing-Copters

За една недела, на пазарот ќе се појави нова „заразна“ игра „Swing Copters“. Слична е на играта „Flappy Birds“, а во неа главен лик е малo човече со пропелер закачен на неговата кацига.

Креаторот на популарната игра „Flappy Birds“ Донг Нгијен, креирал нова игра „Swing Copters“. На интернет поставил трејлер и можеме да заклучиме дека и оваа игра ќе биде заразна и фрустрирачка.

„Swing Copters“ пристига во вторник, 21 август, на „App Store“ маркетот. Се претпоставува дека апликацијата за оваа игра ќе биде бесплатна, а ако не сакате реклами, доволно е да платите 0.99 центи.

Оваа игра е слична на „Flappy Birds“, а во неа главен лик е мал човек со пропелер закачен на кацигата. Целта е да маневрирате со човечето преку препреките, а да не удрите во ниедна од нив. На патот до рекордот стојат платформи со чекани кои се нишаат.

Претходно оваа година, Нгијен мистериозно ја повлече „Flappy Birds“ од „App Store“, иако дневната заработка од рекламен простор била 55.000 долари. Тој изјави дека стресовите од успехот за него биле преголеми. Сепак, тој одлучи да се „врати во игра“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП