3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаправиле робот кој се однесува како човек

Направиле робот кој се однесува како човек

robot-covek-ponasanje-1408396961-553119

Роботеспијан, интелегентната машина која ја направија британски инженери, е првиот робот кој се однесува како човек. Оваа машина е способна да оствари контакт со очите на луѓето, да погодува колку години имаат, но и да пее „Да пееме на дождот“. Покрај тоа, може да кажува и вицови и тоа на дури 30 јазици

„Идејата беше роботите да станат презентери на различна роба. Мисијата беше да направиме машина која ќе стои на едно место цел ден и ќе им зборува на луѓето да купуваат некои производи, истовремено и забавувајќи ги“, вели Вил Џексон, основач на компанијата „Engineered Arts“.

Тој вели дека тоа е најдосадната работа на светот. „Многу е досадно цел ден да бидете на едно место и да ја повторувате истата приказна. Тоа е работа создадена за автоматизацијата“, вели Џексон. Токму и затоа неговите колеги го направија Роботеспијан.

Сепак, роботот не е тука само да ги повторува истите реченици, туку и да комуницира со луѓето. Тој е во состојба да го погоди расположението на луѓето, нивните години (малку сака да им ласка па секогаш кажува помалку), или пак да дели бакнежи.

robot-covek-ponasanje-1408396961-553117

„Ова е прв робот со човечка големина кој е комерцијално достапен. Тоа е машина со особини на луѓе. За добро да ја извршува работата, потребно е да се однесува како човек“, објаснува Џексон.

Започна продажбата

Роботеспијан е можно да го контролирате многу едноставно со помош на таблет. Околу 20 машини се продадени оваа година по различни музеи, универзитети или компании. Цената за еден робот се движи од 50.000 до 55.000 фунти.

Џексон не сака да ги продаде машините на војската.

Вил Џексон вели дека детски сон му е да прави роботи, но има само едно правило – никогаш ниедна од своите машини нема да ја продаде на некоја војска.

„Етнички сум против механизација на смртта и не сакам да имам никаква врска со нешто слично. Не сакам да му помогнам на некого полесно да убива од далечина“, рече Џексон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП