29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНиту Калашников не му може ништо (фото)

Ниту Калашников не му може ништо (фото)

50355607953f307093724d172713761_640x41185

BMW ја претстави специјалната блиндирана верзија на моделот X5, која е конструирана така што може да ги заштити патниците и од куршумите на најпопуларната и најраспространетата автоматска пушка во светот АК-47 (Калашников).

BMW продолжува да ја развива сопствената програма на блиндирани возила за посебни потреби. Моделот X5 Security Plus се базира на третата генерација на овој SUV и го задоволува балистичкото ниво на заштита VR6.

158443109453f2eed87543e041582503_640x47985

При модификацијата на BMW X5, германскиот производител користел искуства стекнати во текот на повеќе од три децении колку што компанијта се занимава со производството на блиндирани верзии од нивните модели.

Освен блиндираните надворешни панели на возилото, X5 Security Plus има и засилување на т.н слаби точки: зглобовите, рабовите, како и специјално заштитно стакло.

15251360953f2eedd62013166202730_640x48085

Во кризни ситуации, на возачите добро ќе им дојде моќниот V8 TwinPower турбо мотор со 450КС и интелигентниот xDrive погон на сите тркала, со цел заштитеното лице побрзо да се пренесе на безбедната локација.

BMW X5 Security Plus ќе има премиера на Саемот за автомобили кој на крајот на август се одржува во Москва.

50355607953f307093724d172713761_640x41185

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП