30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарсениќ потпиша за РК Металург

Марсениќ потпиша за РК Металург

mars

Македоснкиот ракометен шампион Металург го ангажира талентираниот пивотмен на Партизан Мијајло Марсениќ, репрезентативец на Србија, а во досегашната кариера настапувал и за Беране.

Со ангажирањето на Марсениќ, Металург ги пополни сите места во својата екипа, а неговиот ангажман е во духот на новиот и помлад Металург, кој се формира од минатата година. 21-годишниот Марсениќ изјави дека е среќен што ќе игра во Лигата на шампионите.

“Пресреќен сум што потпишав договор со екипата на Металург, сигурно најдобрата екипа на Балканот. Среќен сум и поради работата со Лино Червар, под чие раководство очекувам напредок во мојата игра. Настапите во Лигата на шампионите и во Регионалната лига за мене претставуваат голем предизвик и јас се надевам дека ќе го заслужам своето место во тимот и ќе ги исполнам очекувањата на клубот. Играњето во Металург е голем напредок во мојата кариера”, истакна новиот член на тимот од Автокоманда.

Договорот на Марсениќ со Металург има тригодишна важност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП