19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМерцедес обвинет за местење на цените во Кина

Мерцедес обвинет за местење на цените во Кина

mercedes-benz-china

Кинеската антимонополска агенција го обвини германскиот производител на автомобили Мерцедес за местење на цените во Кина, соопштија кинеските медиуми.

Според соопштението на властите од јужната кинеска покраина Џенгсу, постојат докази што потврдуваат дека Мерцедес ги контролирал цените на резервните делови и услугите за сервисирање на возилата.

Истрата покажува дека цените одредени од Мерцедес за набавка на некои делови за моделот Ц-Класа достигнуваат колку цената за набавка на 12 нови автомобили.

-Станува збор за типично вертикално местење на цените, изјави шефот на антимонополското биро во покраината Џенгс, Џу Гао.

Мерцедес на почетокот на месецот најави дека од септември ќе ги намали цените на резервните делови, како одговор на антимонополската истрага на кинеските власти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП