При креирање на онлајн банкарски сметки и креирање сигурносна лозинка, често не посветуваме доволно внимание. Но можеби е време, сепак да ја промените вашата лозинка и да бидете внимателни при креирање на новата, за да не станете жртва на кражба.
Речиси секоја банка ќе ви издаде кредитна картица, ќе ви даде опција за отварање на онлајн сметка директно преку нивниот веб-сајт. Со онлајн сметката можете да се логирате и да вршите плаќања, да ја проверите вашата состојба на сметка, да ги видите најновите трансакции, да направите пренос на средствата и тн.
За време на регистрацијата треба да креирате корисничко име и лозинка со кои подоцна ќе се логирате на вашата сметка.Иако е посочено дека треба да креираме што посигурна лозинка, често не ни се размислува многу и креираме лозинка која нема да ја заборавиме никогаш. Обратете внимание при креирање лозинка за вашите банкарски сметки, бидејки поради вашата мрзеливост и недостаток на инспирација, кога тогаш може да ве заболи главата кога хакери ќе ја откријат вашата лозинка и ќе ви ја испразнат сметката.
Ова се лозинките кои треба да ги избегнувате:
12345678 или abcdefg
Квалитетните лозинки содржат измешани броеви и големи и мали букви.Секако избегнувајте поредени броеви и букви, дури и во обратна насока. Такви лозинки лесно се откриваат.
Capitalone123 или quicksilver
Мислите дека името на издавачот на картицата е добра идеја за вашата нова лозинка? Е па се лажете. Битете малце покреативни.
Password
Во последниве неколку години најпопуларна лозинка беше ,,password”. Но тоа е и еден од првите обиди кои хакерите ќе го напишат за да ја пробијат вашата сметка. Додавање броеви или букви на крајот од лозинката(пр. ,,password1”) не ја прави ништо посигурна. Избегнувајте ја оваа лозинка.
Qwerty или asdfgh
На прв поглед овие лозинки не изгледаат толку лошо, но кога ќе погледнете во вашата тастатура ќе видите дека буквите се наоѓаат наредени едно до друго. Така на хакерите нема да им зададете премногу главоболки за да ја откријат вашата лозинка.
Tina0825
Ако вашето име е Тина и ако твојот роденден е 25.8, ова е многу лоша лозинка. Особено е лоша доколку овие информации се достапни на Фејсбук или Твитер. На хакерите им е намал проблем да рповерат кога ви е роденден и да и потоа лесно да ви ја провалат сметката.
Квалитетни лозинки се долги, со големи и мали мешани букви и броеви, или симболи. Вашата лозинка не треба да го содржи вашето име, корисничко име или пак имињата на вашите најблиски. Исто така, квалитетна лозинка не треба да вклучува целосни зборови.
Единствен проблем е што комплицираните лозинки тешко се паметат, но ако ги запишете на некое тајно место, тоа не би требало да биде проблем.Но пазете, не ги чувајте лозинката и корисничкото име на исто место и не ги означувајте како ,,лозинка”. Не користете исто корисничко име и лозинка за сите сметки кои ги имате бидејки хакерите ако пробијат една лозинка, лесно ќе ги пробијат и другите.