26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕИСА ги објави најдобрите уреди за 2014-2015 година

ЕИСА ги објави најдобрите уреди за 2014-2015 година

lg

Европската асоцијација за слика и звук (ЕИСА) ги објави најдобрите уреди во обаста на потрошувачката електроника за 2014-2015 година.

ЕИСА е асоцијација на речиси 50 магазини од 20 европски држави специјалнизирани за фотографија
и електроника.

Вкупниот број на доделени награди е 56, поделен во 6 експертски групи: хај-фај, домашни аудио уреди, мобилни апарати, домашно видео и дисплеј уреди, фотоапарати и уреди за автомобили.

Најдобар напреден смартфон е Ел-Џи Г3, а најдобар смартфон за широка употреба е Хуавеи Асценд П7. Сони Експирија З2 е најдобар таблет.

Наградата за најдобра фото и видео камера е доделена на Панасоник Лумикс ДМЦ-ГХ4.

Најдобар стерео систем е Марантз СА8005/ПМ8005.

Никсон Д4с е најдобар професионален ДСЛР фотоапарат, а Канон ЕОС 1200Д е најдобар ДСЛР фотоапарат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП