28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiBall Slide 3G таблет

iBall Slide 3G таблет

iball 3

Индиската компанија „iBall“ одлучи да ја прошири својата понуда со нов таблет со „3G“ поддршка. Главните услови за изработка на новиот модел беа пристапната цена и најновиот „Android“ оперативен систем.

За да ги задоволи споменатите услови компанијата сепак мораше да направи еден компромис – да вгради послаб хардвер. Таблетот „Slide 3G Q7271-IPS20“ доаѓа со 7-инчен „IPS“ екран со резолуција од 1024 x 600 пиксели.

Тој ќе работи на четиријадрен „ARM Cortex A7“ процесор со такт од 1,3 Ghz, има 1 GB RAM и 8 GB интерна меморија, која може да се прошири со дополнителни 32 GB по пат на „micro SD“ мемориска картичка. Бидејќи таблетот поддржува „3G“ мрежа истиот можете по потреба да го користите и како голем смартфон или за сурфање на Интернет на места каде нема „Wi-Fi“ мрежа.

„Slide 3G“ таблетот има две камери, задна со резолуција од 2 MP и предна „VGA“ која е наменета за видео повици. Овој уред има димензии од 192 x 108 x 9,25 милиметри, интегрирана батерија со капацитет од 3000 mAh и може да се набави во две бои, златна и црна. Според информациите неговата цена изнесува 136 американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП