2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо вториот квартал испорачани 300 милиони смартфони

Во вториот квартал испорачани 300 милиони смартфони

smartfoni pazar999

Во текот на вториот квартал во светот се испорачани преку 300 милиони смартфони, а тоа на годишно ниво е раст од 25%, објавија од „IDC“. Меѓу платформите доминира „Android“.

Имено, оперативниот систем на „Google“ се наоѓа на дури 84,7% од уредите, што е повеќе од 255 милиони паметни телефони со „Android“. „iOS“ на „Apple“ има удел од 11,7% или тој е на 35,2 милиони уреди, но тоа претставува пад за разлика од минатогодишниот период кога имаше удел од 13 проценти. Остварениот раст на испораките на уредите на годишно ниво за „Android“ изнесува 33%, a пак за „iOS“ 12,7%. Се очекува на испораките на „Apple“ да и помогне лансирањето на „iPhone 6“ кое ќе се случи во текот на есента, но и иницијативата на „Google“ за „Android One“.

Меѓу губитниците се најде „Windows Phone“ чиј глобален удел во периодот од пред една година падна од 3,4% нa 2,5% или со 7,4 милиони испорачани уреди. Неодамнешната одлука на „Microsoft“ на производителите на телефони да им дава бесплатен оперативен систем резултираше со појава на голем број евтини уреди, па така позитивни резултати се очекуваат во втората половина од годината.

„BlackBerry“ со 1,5 милиони испорачани уреди си обезбеди половина процент од пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП