24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft најави откажување на поддршката за Windows 7

Microsoft најави откажување на поддршката за Windows 7

win 7

Компанијата „Microsoft“ најави крај на продолжената поддршка за „Windows 7“ зa 2020-та година, додека класичната поддршка за оваа верзија ќе биде завршена на 13-ти јануари 2015-та.

„Windows 7“ е инсталиран на околу 50 проценти од компјутерите во светот, а „Microsoft“ се надева дека во најавените рокови ќе им овозможи на корисниците постепено премување на нивниот нов оперативен систем „Windows 8“.

Аналитичката компанија „Gartner“ им препорачува на корисниците да се подготват за таа промена, но да сочекаат да биде лансиран на пазарот „Windows 9“, па веднаш да преминат на тој оперативен систем.

„Microsoft“ ја укина поддршката за оперативниот систем „Windows XP“ во април оваа година. Тоа беше првиот популарен оперативен систем кој „Microsoft“ го лансираше по кризата „Y2K 2001“. Во моментот на откажувањто на поддршката тој се уште бил инсталиран на скоро 500 милиони компјутери ширум светот, што значи дека го поседува еден од пет десктоп компјутери во светот.

По големите критики и малиот удел на верзијата „Windows 8“ нa пазарот (некои аналитичари сметаат дека „Windows 8“, со таблетите, е еден од главните причини за слабата продажба на персонални компјутери во последно време), па „Microsoft“ многу бргу ја претстави првата голема надоградба – „Windows 8.1“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП