11 октомври, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигнуваат нови таблети

Пристигнуваат нови таблети

nov tab nas

Крајот на летото ќе го означи почетокот на натпреварот на производителите во продажбата на нивните модел. За некои веќе постојат информации и конкретни најави, додека за другите само се шпекулира. Погледнете ги најинтересните.

„Lenovo Yoga 3“

nov tab

Кинеската компанија несакаше да открива многу информации за својот нов уред, кој исто како постарите генерации ќе биде комбинација на таблет и компјутер. Имено, дисплејот може да се врти за 360 степени, а воедно има и комплетна тастатура. Ќе работи на последната генерација на процесори на „Intel“, но останатите спецификации не се објавени.

Датум на лансирање: на почетокот на есента.

„Google Nexus 8“

nov tab1

По големиот успех на компанијата „Google“ со уредите од серијата „Nexus“, сите со нетрпение го очекуваат новиот таблет. Покрај тоа што ќе има „fullHD“ екран од осум инчи, многу повеќе внимание е посветено на новата верзија на „Android“, кој ќе донесе значајни подобрувања во квалитетот на работата, како и значително различен интерфејс. Од новиот „Nexus 8“ се очекува да остане во рангот на таблетите со пристапна цена.

Датум на лансирање: август/септември.

„HTC R12“

nov tab2

Освен тоа што се споменуваат како производителите на новиот „Nexus“, од „HTC“ неповрзано со тоа одлучија да претстават два нови таблети со оперативен систем „Windows“. Моделот „R12“ привлекува многу повеќе внимание затоа што доаѓа со екран од 12 инчи и 2К резолуција. Покрај тоа, работи на процесор со четири јадра, како и два гигабајти работна меморија. Ќе поседува и камера од 13 мегапиксели на задната страна.

Датум на лансирање: септември.

„iPad Air 2“

nov tab3

Компанијата „Apple“ оваа есен ќе донесе неколку нови модели. Покрај телефонот, интересот расте и кога станува збор и за втората генерација на таблетот „iPad Air“. Дијагоналта на дисплејот ќе остане иста 9.7 инчи, но тој ќе биде изработен од ново сафирно стакло. Тука е и новиот процесор кој ќе ја штеди батеријата, а кога станува збор за дизајнот се очекува да биде уште полесен и потенок во однос на претходникот.

Датум на лансирање: септември.

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП