13 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИ Microsoft развива конкурент на Snapchat

И Microsoft развива конкурент на Snapchat

app mic 39

„Microsoft“ исто така се насочува кон бизнисот со мобилни апликации за разговор. Единицата за истражување и развој на компанијата објави тест верзија на својата алтернатива на „Snapchat“ наречена „WindUp“.

Апликацијата им овозможува на корисниците да праќаат пораки, кои се со ограничен рок на траење. Тие ќе се самоуништуваат после одредено време, па корисниците ќе им треба да побрзаат да ги прочитаат.

Тоа е и самата идеја на апликацијата, а според „Microsoft Research“ на тој начин се создава играчко и забавен елемент кој го одржува интересот на потрошувачите. За сега апликацијата „WindUp“ ќе е достапна за „Windows Phone 8“ и „8.1“. Таа е бесплатна, а на корисниците им овозможува испраќање на текст, слики, видео и аудио содржини.

Апликацијата става акцент над зголемената безбедност во однос „Snapchat“. Таа нема да ја следи локацијата на корисниците, ветуваат неговите творци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП