19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC ќе прави апликации за сите Android уреди

HTC ќе прави апликации за сите Android уреди

htc app

Со цел да ја подобри својата финансиска ситуација и разултати, тајвански „HTC“ се одлучи на целосно нов пристап.

Тие основаа ново одделение наречено „HTC Creative Labs“ чија задача нема да биде создавање на нови модели на паметни телефони, туку правење на нов софтвер и подобрување на постоечкиот.

Новиот оддел на „HTC“ има седиште во Сиетел каде се собрани 250 експерти од Сиетел, Сан Франциско и Тајпеи. Со него ќе раководи Дру Бамфорд, долгогодишниот водител на тимот на „HTC“ за развој на корисничкиот интерфејс. Главна задача на одделението ќе биде создавање на апликации наменети за сите „Android“ уреди.

Прва на ред е апликацијата „Zoe“ која ќе се темели на веќе познатиот истоимен софтвер за создавање на кратки исечоци составени со комбинација на најмногу 16 фотографии и видео снимки, при што е овозможено и одбирање на музичка позадина, транзиции и ефекти.

Освен како алатка за создавање на кратки исечоци, новата „Zoe“ апликација би требало да стане централна локација за нивно прегледување и размена. За промоција на новите апликации планирани се партнерства со засега се уште неименувани лица од музичката и спортска сцена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП