28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPlayStation 4 продаден во 10 милиони примероци со што е далеку пред...

PlayStation 4 продаден во 10 милиони примероци со што е далеку пред конкуренцијата

Sony-vs-Xbox

„Sony“ на неодамна одржаниот саем „Gamescom 2014“ објави дека последната генерација на конзолата „PlayStation“ ширум светот е продадена во повеќе од 10 милиони примероци, при што дополнително е зацврстена позицијата во однос на конкуренцијата.

Само во февруари, јапонската компанија ја надминала бројката од 5.3 милиони продадени „PS4“ уреди, скоро двојно повеќе од вкупниот број на продадени модели.

Кога конкуренцијата е во прашање, „PlayStation“ со ова го претекна „Xbox One“ и тоа во трката која трае од почетокот на годината кога двете конзоли беа лансирани. Во период од шест месеци „Sony“ оствари значително поголема пазарна пенетрација во САД, а останатите пазари се далеку позади.

Стигнувајќи први до 10 милиони продадени единици, „Sony“ уште еднаш му покажа на светот дека е неприкосновен владател на полето на гејминг конзоли, и покрај обидите на другите компании и нивните производи, дури ни евтиниот „Xbox One“ без „Kinect“ додатокот, не успеа да се доближи до толку голем пазарен сегмент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП