25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро видео реклами и на Twitter

Наскоро видео реклами и на Twitter

Twitter

„Twitter“ развива алатка за огласувачите со спонзорирани видео содржини.

Станува збор за решение кој на оваа друштвена мрежа за испраќање кратки пораки ќе и овозможи да генерира приходи.

„Twitter“ се обидува да биде рентабилен и наведува дека тој метод, кој моментално е во бета верзија, ќе добие форма на спонзорирани видео содржини. Нив ќе ги плаќаат огласувачите во зависност од бројот на кликови кои ќе ги направат корисниците за да ги гледаат.

Оваа друштвена мрежа објави дека ќе бидат направени дополнителни анализи со цел да биде измерено нивото на публицитет и дометот на започнатите рекламни кампањи.

Наспроти ситуацијата на „Facebook“, видео содржините кои ќе ги понуди „Twitter“ нема автоматски да стартуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП