4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВтора победа за македонските кошаркари во квалификациите за Европското првенство 2015

Втора победа за македонските кошаркари во квалификациите за Европското првенство 2015

mkdd

Македонската кошаркарска репрезентација во натпреварот од 2.коло од групата Д од квалификациите за Европското првенство ја постигна и втората победа.

Совладана беше Данска на нејзин терен со 81:75.

Резултатот по четвртини беше: 18:24; 18:20; 18:11 и 21:26.

По почетните 2:2 македонските кошаркари го презедоа водството и постепено го зголемуваа и во 8.минута беше 19:10. Сепак и покрај ова водство упорните домаќини на почетокот на вториот период (12.минута) изедначија на 26:26, а во 15.минута имаа водство 32:31.

Но, во финишот на првиот дел Македонија направи серија од 13:2 за највисокото водство од 44:34.

На стартот од третиот период Македонија ја одржуваше предноста, но потоа нашите кошаркари имаа период од 5 минути без кош и Данска го искористи тоа со серија од 8:0 и во 27.минута изедначи на 51:51.

На почетокот на последниот период Македонија ја зголемуваше предноста, а Бојан Трајковски имаше серија од 7 поени.

До крајот на дуелот домаќинот не успеваше да се доближи резултатски и предноста на нашите кошаркари беше постојано меѓу 3 – 6 поени.

На крајот Соколов по грешката на противникот поентираше за конечни 81:75.

Поените за нашата репрезентација ги постигнаа: Дарко Соколов, Војдан Стојановски и Марко Симоновски по 12, Александар Костоски, Бојан Трајковски и Дамјан Стојановски постигнаа по 9, Ричард Хендрикс 8, Андреј Магдевски и Стојан Ѓуровски по 4 и Марјан Јанески 2.

Следниот натпревар Македонија го игра на 17.август во недела во Минск против Белорусија.

Вториот натпревар од Д групата меѓу Белгија и Белорусија е во тек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП