24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter објави дека има 23 милиони профили кои се ботови

Twitter објави дека има 23 милиони профили кои се ботови

twit bot

Околу 8,5% од активната база на корисници на „Twitter“ всушност не се луѓе, туку автоматизиран софтвер. Информацијата ја објави самата компанија во извештај до американската Комисија за хартии од вредност и берзи.

Од тоа станува јасно дека околу 23 милиони профили всушност се обновуваат автоматски со минимална или никаква човечка интервенција. Вклучени се и софтверските ботови кои извлекуваат информации од „Twitter“ и ги објавува во мобилните апликации кои не се сопственост на микроблогот.

Се бројат и профилите, кои автоматски објавуваат нови информации, соопштува интернет изданието „Quartz“. Тоа не значи дека сите шират спам. Постојат многу медиуми и блогови, чии линкови до нови публикации се објавуваат автоматски. Некои „запалени“ корисници исто така се потпираат на ботови за полесно да го организираат протокот на информации.

Главниот проблем од оваа ситуација е за рекламите. Излегува дека може да се платат за реклами, кои всушност и не ги гледаат од никого. Засега компанијата не коментираше дали има планови некако да го коригира овој проблем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП