2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШарапова останува најплатената спортистка во светот

Шарапова останува најплатената спортистка во светот

maca 2

Марија Шарапова продолжува да биде најскапо платената спортистка во светот, тврди престижното списание „Форбс“.

Руската тенисерка е на врвот во текот на не цели десет години. Според изданието таа заработила 24,4 милиони долари во последната година.

Интересно е дека само 2,4 милиони долари од оваа сума се заработени од наградни фондови по турнирите, а импресивни 22 милиони долари се од спонзорските договори. Сепак е за одбележување дека во втората половина на 2013-та година, Русинката беше повредена и не учествуваше на турнирите.

На втората позиција е најуспешната кинеска тенисерка на сите времиња На Ли, која освоила 23,6 милиони долари, а 18 милиони се од спонзорските договори. Серена Вилијамс е трета со 22 милиони долари, а точно половина од износот доаѓа од наградните фондови.

Ким Јан (уметничко лизгање) и натпреварувачката од НАСКАР, Даница Патрик обезбедија место во првата петорка, а во Топ 10 има уште четири тенисерки.

Еве ги и Топ 10 најплатените спортистки во светот:

1. Марија Шарапова (Тенис) – 24.4 милиони долари.

2. На Ли (Тенис) – 23.6 милиони долари.

3. Серена Вилијамс (Тенис) – 22 милиони долари.

4. Ким Јан (Уметничко лизгање) – 16.3 милиони долари (16 милиони долари од спонзори).

5. Даница Патрик (Мото спорт) – 15 милиони долари (8 милиони долари од спонзори).

6. Викторија Азаренка (Тенис) – 11.1 милиони долари (7.5 милиони долари од спонзори).

7. Каролина Возњацки (Тенис) – 10.8 милиони долари (9.5 милиони долари од спонзори).

8. Агниешка Радванска (Тенис) – 6.8 милиони долари (3 милиони долари од спонзори).

9. Ана Ивановиќ (Тенис) – 6.4 милиони долари (5 милиони долари од спонзори).

10. Паула Кример (Голф) – 5.5 милиони долари (4.5 милиони долари од спонзори).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП