25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗошто Jaguar повторно произведува модел стар 50 години? (фото)

Зошто Jaguar повторно произведува модел стар 50 години? (фото)

star jaguar

„Jaguar“ одлучи конечно да ги исполни плановите кои оваа компанија ги зацрта уште во 1963-та.

Британскиот производител тогаш имаше во план да направи 18 примероци на моделот „Lightweight E-Type“ кој во голема мера бил изработен од алуминиум.

star jaguar1

Во периодот 1963-64 произведени се 12 од предвидените 18 автомобили. Половина век подоцна, „Jaguar“ продолжува таму каде што застана во 1964-та и го започнува процесот за рачна изработка на преостанатите 6 возила.

Пред почетокот на производство ќе биде претставен прототип кој ќе се нарекува „Car Zero“, а кој ќе има премиера на изложбата на класични и луксузни автомобили во Пебл Бич во Калифорнија.

star jaguar2

По него, „Jaguar“ ќе ги направи 6-те најавени примероци, кои ќе изгледаат потполно исто како и „Car Zero“. Сите автомобили ќе бидат произведени според оргиналните спецификации кои се користени во 1964-та за изработката на последниот од првите 12 „Jaguar Lightweight E-Type“.

Во компанијата велат дека и покрај напредокот на технологијата која се случи во последниот половина век, тие за производство ќе ги користат материјалите и техниката од тој период.

star jaguar3

Овој класичен автомобил ќе се изработува во погонот Браунс Лејн во Ковентри, каде се правеше и оргиналниот „E-Type“, a зa производство е задолжено новото одделение на „Jaguar“ за специјални операции.

Само благодарејќи на „школката“ од алуминиум, „Lightweight“ верзијата била полесна од стандардниот „Jaguar E-Type“ зa 114 kg.

star jaguar4

Дополнителна заштеда во мастата е постигната со употребата на алуминиум во изработката на другите елементи на коросеријата, од хаубата, преку вратите и поклопецот на багажникот, па до подвижниот покрив, кој по желба може да се отстрани од автомобилот.

За погон ќе биде употребен 3.8-литарски шестцилиндарски „XK“ мотор кој е користен во моделот „D-Type“, победникот на „Ле Ман“ од 1957-ма година, но тој за потребите на „Jaguar Lightweight E-Type“ ќе биде појачан на 340 ks, додека максималниот вртежен момент ќе изнесува 380 Nm.

star jaguar5

Моќта ќе се пренесува на тркалата со помош на четирибрзински мануелен менувач.

И останатите делови од автомобилот во најголема мера ќе бидат непроменети во однос на оргиналниот модел од пред 50 години, освен што поради безбедносни причини предните сопирачки ќе бидат подобрени.

Сепак, со оглед дека 6-те нови примероци ќе бидат понудени на продажба, „Jaguar“ е подоготвен да им излезе во пресрет на купувачите и да изврши одредени модификации по нивна желба.

star jaguar6

Се уште не е познато колку пари идните сопственици ќе мораат да одвојат за едно вакво екслузивно возило.

Од „Jaguar“ се надеваат дека потенцијалните купувачи ќе сакаат да го искористат тркачкото педигре на автомобилот, затоа што тој ги исполнува „FIA“ стандардите за трки на класични историски модели.

Во компанијата сметаат дека би било штета новите примероци на „Jaguar Lightweight E-Type“ да бидат исклучиво чувани во гаражи и изложувани во музеи или изложби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП