4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе чини дека Cortana пристигнува и на лаптопите и таблетите

Се чини дека Cortana пристигнува и на лаптопите и таблетите

cortana 38

Виртуелниот асистент на „Microsoft“ – „Cortana“ би можел наскоро да има свое деби и на „Windows“ таблетите, лаптопите и на десктоп компјутерите со претставувањето на „Windows 9“.

Технолошкиот блог „Neowin“, кој има прилично добра репутација кога станува збор за необјавените производи на „Microsoft“, тврди дека „Cortana“ веќе сега може да се види како работи во раните верзии на наредното големо софтверско надоградување на „Microsоft“.

Oва не е прв пат оваа страна да ја забележи „Cortanа“ како работи на „Windows 9“, но изгледа дека виртуелниот асистент моментално е во напредна фаза на развој.

„Добри вести се дека „Cortana“ дипломираше од инженерските тестови до значително стабилна состојба. Тоа значи дека „Cortana“ повеќе не се наоѓа во фазата „ајде да видиме дали работи“, туку веќе доаѓа до моментот кога треба да биде подготвен за претставувње“, изјави Бред Семс за „Neowin“.

Доколку „Cortana“ се појави во финалната верзија на „Windows 9“, најверојатно ќе биде присутна во вид на апликација на десктоп. Со нејзиното стартување ќе се отвора мал прозор во кој ќе може да се напише или изговори прашањето, наместо досегашното окупирање на целиот екран на „Windows Phone“ уредите.

„Cortana“ е еден од последните додатоци на „Microsoft“ за платформата „Windows Phone“. Беше претставен со „WIndows Phone 8.1“, а овој виртуелен асистент е дизајниран да учи повеќе за вас колку повеќе го користите и е сличен на функцијата „Google Now“.

Од „Microsoft“ изјавија дека особено внимание вложиле во тоа „Cortana“ да биде по реална и корисниците да можат да ја користат со нормален јазик, а на прецизно со одредени команди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП