Отворен во 2009-та година, во Штутгарт се наоѓа музеј на еден од најпознатите автомобилски брендови во светот „Porsche“.
Цената на билет за посета е 8 евра за возрасни, но тоа ќе се најдобро потрошените 8 евра за секој фан на „Porsche“. Таму се изложени над 80 модели од различни години на историјата на „Porsche“.
На неколку улици оттаму сепак се наоѓа и еден таен магацин на компанијата, кој никогаш нема да биде отворен за публиката. Што точно има во него, можете да видите подолу од сликите и видеото на списанието „Car“:
Тука се наоѓаат претходните модели на „Porsche“, како на пример „968“ кабрио, но исто така и познатите „911“ и „944“. Се разбира, тука се и некои од најдобрите спортски автомобили на компанијата со кои освоија 16 титули од Ле Ман и Формула 1, заедно со „McLaren“.
Тука е и „Volkswagen Beetles“ чиј дизајнер не е кој и да е, туку самиот Фердинанд Порше.
Колекцијата од спортски автомобили е навистина импресивна, нели? Погледнете повеќе во видеото подолу: