19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНови детали за iPad Air 2

Нови детали за iPad Air 2

air pad

Според пишувањето на „Bloomberg“, новиот таблет на „Apple“ веќе е во производство. Според истиот извор, претставувањето на „iPad Air 2“ ќе биде на крајот на септември или почетокот на октомври.

Во новото издание на таблетот ќе има анти-рефлективен премаз на екранот чија дијагонала нема да се менува. Со ова ќе се олесни користењето на таблетот во не така идеални услови на амбиентално осветлување, но поради одредени проблеми во производството, достапноста на уредот на почеток ќе биде ограничена.

Исто така, новиот таблет би требало да биде малку потенок од актуелната верзија, а „Apple“ конечно ќе го вклучи и читачот за отпечаток на прстот „Touch ID“, кој веќе е достапен на „iPhone“.

И новата генерација на „iPada Mini“ со „Retina“ екран ќе започне со производство, а почетокот на продажбата се очекува до крајот на годината, истакнува истиот извор.

Двата нови „iPhone“ смартфони со дијагонала на екранот од 4.7 и 5.5 инчи, исто така се во производство, а лансирањето се очекува во текот на есента.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП