4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПаметниот шлем - Skully AR-1 (видео)

Паметниот шлем – Skully AR-1 (видео)

pameten slem

Љубителите на технологијата и големата брзина на две тркала сигурно веќе посакале шлем со функции слични на „Google Glass“. Тоа решение конечно го нуди компанијата „Skully“ со истоимениот шлем и интегрираниот „HUD“ систем.

Шлемот „Skully AR-1“ има аеродинамичен дизајн, дефлектор за дишење, затемнет визир отпорен на гребнатинки и замаглување, како и останатите можности прилагодени за возачите на спортските мотоцикли, додека вградениот „HUD“ систем нуди бројни корисни информации. Системот, која компанијата го нарекува „Synapse Smart Heads Up Display“, може да ја прикажува состојбата зад возачот која се снима со камера вградена на задната страна на шлемот, но и патот со помош на навигација.

Таа поддржува и поврзување со смартфон по пат на „Bluetooth“ за телефонирање и управување со гласовни команди, додека комплетниот електронски систем на шлемот е заснован на „Android“ со поддршка за идни софтверски надоградувања. Покрај тоа, шлемот ја исполнува и својата примарна заштитна улога, т.е. има „DOT/ECE“ сертификат, механизми за брзо отклучвање на визирот и брзо врзување.

Компанијата отвори „crowdfunding“ кампања и резервации за „Skully AR-1“, кој ќе биде достапен во сите големини и две бои, мат црна и бела. Повеќе информации може да се побараат на официјалната страна, но заинтересираните ќе мораат да одвојат 1.399 долари за нарачка во предпродажба, како и  1.499 долари кога шлемот ќе се најде во продажба. Првите испораки ќе започнат во мај следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП