3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНа кого му е грижа за паметните телефони, ни доаѓа Нокиа 130...

На кого му е грижа за паметните телефони, ни доаѓа Нокиа 130 (видео)

19 evra telefon

Мајкрософт денеска го објави лансирањето на нов мобилен телефон, моделот Нокиа 130, мал комбиниран уред чија цена е 19 евра.

Телефонот содржи минимални функции, како што се читач за музички и видео содржини, интегрирана џебна светилка, FM радио и полнење преку USB полнач.

Нокиа го промовира како преносен видео и музички плеер, чија батерија може да издржи и 16 часа видео и 46 часа музика. Покрај вграденото радио, музика можете да дополните со „microSD“ картичка со капацитет до 32 GB.

Екранот е QQVGA LCD (160х128 пиксели) и дијагонала од 1.8 инчи.

Мајкрософт од друга страна забележа загуба од 1.7 милијарди долари на пазарот на електронски таблети.

Загубата започна во 2012-та со лансирањето на првиот „Surface“, а компанијата и натаму ги сноси последиците од таа голема загуба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП