27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШпанија го очекува Европскиот Суперкуп!

Шпанија го очекува Европскиот Суперкуп!

super kup evropa1

Вечерва од 20:45 часот, Реал Мадрид и Севиља ќе се сретнат во битка за Суперкупот на Европа. Мадрид или покраината Андалузија ќе ја земе титулата, за која традиционално силите си ги одмеруваат победникот во Лигата на Шампионите и носителот на трофејот во Лига Европа.

Минатата сезона шпанската доминација во клупскиот фудбал беше на завидно ниво, па земјата имаше три екипи во полуфиналето од ЛШ и две во Лига Европа.

Се случи и тоа, Реал и Атлетико Мадрид за прв пат во историјата направија финалето во Лигата на шампионите да се игра меѓу тимовите од ист град.

„Кралскиот клуб“ успеа да ја освои толку посакуваната 10-та титула по доцнежната драма и победи со 4: 1 по продолженија, додека тимот од Андалузија до пехарот дојде по изведувањето на пенали, а со тоа ја продолжија мизеријата на Бенфика во европските финални средби.

Од статистичка гледна точка тимот на Унаи Емери има предност во натпревари за европскиот Суперкуп. Севиља на два пати учествувала во вакви средби – во 2006-та и 2007-ма година и во секоја од нив си заминува со трофејот. Реал пак три пати се бореше за оваа титула по нејзиното создавање, ја освои во 2002-ра по другите два неуспешни обиди (1998-ма и 2000-та).

Минатата сезона Суперкупот стана сопственост на Баерн Минхен, кој го совлада Челзи по изведувањето на пенали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП