
Паметниот часовник „Самсунг Гиар Соло“ ќе биде претставен заедно со „Галакси Ноут 4“ во септември годинава.


Паметниот часовник „Самсунг Гиар Соло“ ќе биде претставен заедно со „Галакси Ноут 4“ во септември годинава.
„Гиар Соло“ работи целосно независно од смартфонот благодарение на СИМ функционалноста, а се очекува да биде претставен на настанот „Унпакед 3“ во септември годинава.
СИМ поддршката овозможува корисниците да водат телефонски разговри без смартфон.
Сепак, не е познато како е решен проблемот со брзото трошење на батеријата кај претходние модели.
„Самсунг“ веќе претстави три верзии на паметни часовници „Гиар“ со оперативен систем „Тизен“, како и еден со Андроид Веар, но засега останува непознато со како оперативен систем ќе биде новиот „Гиар Соло“.