28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi го отстрани безбедносниот пропуст

Xiaomi го отстрани безбедносниот пропуст

xiaomi bara

Не поминаа ниту два дена откако компанијата за безбедност „F-Secure“ објави дека кинески „Xiaomi“ ја компромитира приватноста на корисниците на своите мобилни телефони, проблемот веќе (најверојатно) е решен. Преку својот „Google+“ профил на јавноста и се обрати потпретседателот на „Xiaomi“, Хуго Бара и во детали ја објасни позадината на целиот скандал.

Како што пишува Бара, податоците на корисниците, меѓу кои и „SMS“ пораките и контактите, биле испраќани на кинески сервери во склоп на услугата за испраќање пораки преку „cloud“. Таа опција во постоечките „ROM“-омови на нивните мобилни телефони била уклучена по „default“, a се се одвивало без знаење на корисниците.

„Xiaomi“ итно издаде „patch“ достапен за „ОТА“ превземање за сите корисници на нивните смартфони. Со оваа надоградба се решава проблемот, па корисниците ќе можат рачно да ја вклучат „MiCloud“ опцијата доколку сакаат да ја користат. Покрај тоа, еднаш кога е вклучена, „MiCloud“ сервисот и со дополнителна енкрипција ќе ги заштити сите телефонски броеви кои се синхронизираат со нивните сервери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП