3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставен Hyundai i20 за 2015-та година (фото)

Претставен Hyundai i20 за 2015-та година (фото)

i 20 1

„Hyundai“ ги објави првите официјални фотографии и прелиминарни спецификации на втората генерација на моделот „i20“.

Иако за оргиналноста на дизајнот на новиот „i20“ може да се полемизира, нема сомневање дека „Hyundai“ направи голем чекор во однос на првата генерација на овој модел.

Тој е поставен на нова платформа, па така автомобилот порасна во должина на 4.035 mm, a исто така е зголемено и меѓуосовинското растојание.

i 20 2

Растојанието меѓу предните и задните тркала е поголемо за 45 mm и сега изнесува 2.570 mm, па оние кои седат на задните седишта имаат поголем простор за нозете и можат да уживаат во комфорното возење. Покрај тоа, сопствениците на новиот „i20“ ќе имаат на располагање и простран багажник од 320 l.

Верзиите со побогатите пакети во понудата ќе имаат и „LED“ фарови и стоп светла, задна камера и подвижен панорамски стаклен покрив.

На фотографиите од внатрешноста ќе мораме да почекаме уште некое време, но „Hyundai“ соопшти дека „i20“ ќе има нов мултифункционален волан подесив во две насоки, отвори за вентилација и клима за патниците на задните седишта, потпирач за рацете меѓу возачот и сувозачот, како и подесување на возачкото седиште според висината.

i 20 3

Автомобилот ќе биде опремен и со модерна „Supervision“ инструмент табла, „USB“ и „AUX“ приклучоци и „Bluetooth“ конекција, како и електрични надворешни ретровизори.

Засега не е познато кои мотори ќе бидат достапни во Европа, но моделот за индискиот пазар е опремен со 1.2-литарски бензинец со 83 ks и 1.4-литарски „CRDi“ дизел мотор кој произведува 90 ks, при што тој е поврзан со шестбрзински мануелен менувач.

Новиот „Hyundai i20“ ќе има премиера на претстојниот саем за автомобили во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП