16 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook против freemium aпликациите

Facebook против freemium aпликациите

fb igri 2

„Facebook“ оваа недела објави нова„API“ (верзија 2.1) зa развивачите на игри и апликации на нивната платформа.

Во новите правила се истакнуваат две значајни промени кои значително ќе се почувстуваат и за крајните корисници на таквите апликации.

Имено, според новите правила на „Facebook“ сите „freemium“ апликации ќе мораат да бидат транспарентно означени како такви. Досегашната практика на нарекување на апликациите (првенствено игрите) беше како бесплатни, за подоцна на корисниците да им се наплатуваат дополнителни опции внатре во играта, а сега тоа повеќе нема да им биде дозволено.

Сите овие работи ќе мораат јасно да се истакнат дека од корисникот бараат дополнителни купувања внатре во апликацијата.

Втората промена се однесува на вештачкото собирање на „like“ внатре во игрите. Честата практика на некои од развивачите е да вградуваат во своите игри дополнителни услуги кои се вклучуваат со лајкнување на одредени „Facebook“ страни. Таквата пракса од сега ќе биде забранета.

Развивачите ќе имаат 90 дена (до 5-ти ноември) да ги променат своите апликации во склад со новата политика на „Facebook“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП