4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYouTube постепено ќе ја зголемува резолуцијата за стримување

YouTube постепено ќе ја зголемува резолуцијата за стримување

youtubee

За многу уреди, максималната резолуција која е можна да стримува „YouTube“ изнесува 1080p, меѓутоа, ова наскоро би можело да се промени, барем за некои корисници.

„YouTube“ засега ја држи максималната резолуција за стримување на 1080p, поради тоа што постојат голем број на уреди кои одговараат на таа резолуција.

Меѓутоа, со појавувањето на уредите како што е „LG G3“, кој поседува резолуција од 2.560 x 1.440, од „YouTube“ ќе одговорат со стрим со поголема резолуција.

Корисниците на премиум уредот на „LG“ потврдија дека „YouTube“ им дозволува да ја зголемат резолуцијата на видео содржините и тоа значително над 1080p или дури до 1440p.

Оваа резолуција моментално очигледно е возможна само за корисниците на моделот „LG G3“, со оглед дека 1080p е најголема резолуција за голем број на телефони и таблети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП