3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes купи дел од Aston Martin

Mercedes купи дел од Aston Martin

mercedes-aston-martin

Германскиот гигант нема во план да забави, а својата доминација на пазарот сака да ја прошири и надвор од границите на својата земја. Тоа може да се види и според последниот потег, кога Германците купија дел од акциите на еден британски производител на автомобили.

Партнерството меѓу „Mercedes“ и компанијата „Daimler“ никогаш не било посилно. Според последните вести, токму оваа компанија е подготвена да го зголеми својот удел во „Aston Martin“.

Зголемувањето нема да биде преголемо, само еден процент, но тоа ќе значи дека германскиот производител на автомобили сега има вкупно пет проценти сопственост во компанијата од Велика Британија.

Се очекува дека „Mercedes“ за потребите на „Aston Martin“ да напави еден агрегат, додека компанијата „Daimler“ да се погрижи за електронските делови и останатите компоненти. Се очекува дека и еден модел на „Aston Martin“, кој ќе се најде во продажба во 2017-та, ќе ја дели истата платформа со „Mercedes“.

„Mercedes“ и претходно блиску соработуваше со еден британски производител. Станува збор за „MсLaren“, но на тоа пријателство му дојде крајот, исто како што „Aston Martin“ ја заврши својата соработка со „Toyotа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП